По забраната за невладините организации да ги користат зборовите Македонија и Република Македонија дел од јавноста го поставува прашањето дали министерот за правда Бојан Маричиќ која ставил потпис на забраната ќе ја забрани и националната химна “Денес над Македонија се раѓа”.

Откако невладините организации добија наредба за забрана на Македонија во домашна и надворешна употреба логично е согласно основата која Маричиќ ја наоѓа во Преспанскиот договор да ја забрани и употребата на националната химна.

Во неа се зборува за Македонија што очигледно е проблем за министерот за правда Бојан Маричиќ и владата на Зоран Заев кој го потпишал документот каков што предходно последен потпишал српскиот крал Александар први Караѓорѓевиќ кога Македонија ја прогласил за Српска Вардарска Бановина.

Во актуелната верзија на химната усвоена во 1991 три пати се споменува зборот Македонија, два пати македонците и еднаш македонски.

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!