Градоначалничката цели три месеци ги навредуваше приватните превозници дека биле криминалци и дека ќе им поднесе кривични пријави, за сега да ги признае долговите кон нив и да најави нивна исплата, изјави советникот , Стефан Андоновски, во емисијата „10 Мунити“ на ТВ 21.

Доколку градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, освен долгот им исплати и камати на приватните превозници, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ќе поднесе кривична пријава против неа и против директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, изјави тој.

Според Андоновски, Советот нема информација за постигната спогодба на приватните превозници со градоначалничката Арсовска.

Но, како што посочи, ако спогодбата содржи и исплата на камата, тогаш советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Арсовска и директорот на ЈСП затоа што го оштетуваат буџетот на Град Скопје.