Ќе ја продолжи ли Пендаровски вонредната состојба

Шефот на државата Стево Пендаровски се очекува денеска да ги ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба и актуелната состојба со коронавирусот од што зависи одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Од Кабинетот на претседателот за посочуваат дека тој ќе информира дали ќе има и состанок на Советот за безбедност кој треба да се произнесе за вонредната состојба.

Исто така Пендаровски треба да информира далиу ќе има нова лидерска средба.

парламентарни избори, до сега Партиите досега не постигнаа консензус околу датумот за евентуално одржување на изборите, но се шпекулчира со 5-ти, 8-ми или 19 јули.

Датумот ќе зависи од тоа дали и натаму и до кога ќе остане вонредната состојба која истекува на в сабота на 14 јуни.