Според проценките на експертите од Градежниот факултет за двете свлечишта на автопатот Миладиновци Штип, кои чекаат да бидат расчистени два месеци, ќе треба поголема механизација, за да не дојде до уште поголемо свлечување на камења и земја на патот, дознава Телма.
Додека се чека на санирањето на свлечиштата, за кои има бројни реакции од страна на граѓаните на овој автопат интензивно се градат двете патарини кај Кадрифаково и Преод.
Се очекува да се пуштат кон крајот на март, а граѓаните наплатата ќе ја вршат електронски.
