Јавноста е во исчекување дали Шкодране Дардишта, радикалнката од ДУИ која се закани дека се уште на таван најавувајќи дека како „дета на војната“ е спремна за нова ќе биде повикана на одговорност а заканите со војна да ги објасни пред обвинителството.

Прв на непримернта објава на Дардиша реагираше директорот на ЦУК , генерал Стојанче Ангелов.кој ѝ порача да не си игра со оган.

Македонски телеком се огради од фејсбук статусот на нивната членка на Одборот на директори од ДУИ, но таа не е повлечена од функцијата.

ДУИ се огради од ставовите на Дардишта а лидерот Али Ахмети „ја искара“ со кратка изјава дека таквите изјави не се во интерес на партијата и каузата

Вчера лидерот на „Левица“ потсети дека бил експресно викнат на разговор во обвинителството кога во една прилика на фејсбук напишал статус за „стрелање“, но Дардишта сè уште не е повикана.

Дел од медиумите извадија и детали од нејзината биографија и начинот како таа напредувала во функциите. Дали е во ред толку висок функционер да помине несанкционирано за директни закани со војна? Ако ова остане вака, што останува тогаш ако на секој втор му „тргне“ да испраќа пораки за посегање по оружје и дестабилизација, особено што раните од 2001 година се уште не се излечени? – се дел од прташањата што кружат во јавноста.