Седница на Централниот одбор на владејачката СДСМ, ќе заседава денеска во 16 часот во Охрид, на која се очекува да се расправа за суштинските промени во партијата, новиот систем на дејствување и работа на партијата и напредокот на државата, јавува „Плусинфо“.
Дали тоа значи дека ќе има нова „метла“, која лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја најави по завршувањето на претседателските избори кога ги разреши сите 78 претседатели на општински организаци, ќе се знае вечерва.
Заев како лидер на партијата го разреши и целиот извршен одбор на СДСМ, шесте потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени на седницата на Централниот одбор минатиот месец.