За денеска е најавен протест на пензионерите во Скопје на кој ќе побараат поправични пензии.
Според некои проценки, на протестот се очекуваат околу 2.000 пензионери од сите градови од Македонија.
Но, пензионери се жалат дека сојузот на Станка Трајкова им ги укинува автобусите за најавениот протест. Велат дека викендов во општинските здруженија се јавувале луѓе од сојузот за да им прават притисок да не протестираат. Во дел од градовите пензионерите сами барале донатори за да им обезбедат превоз до Скопје.
Пензионерите зе жалат на притисоци од Сојузот пред протестот
Како што е најавено, пензионерите прво ќе протестираат пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, а потоа ќе се упатат кон Министерството за труд и социјална политика каде ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата.
Изминатиот период, пензионерите протестираа во повеќе градови.
Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.