Ќе има лек „трикафта“ за 42 пациенти до крајот на годинава

Ваквои ветување дал вчера министерот Фатмир Меџити, претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза на средбата во Министерството за здравство.

„До крај на годината, секако може и порано, затоа што преговорите се веќе почнати со компанијата“ изјави појасни Ивана Атанасоска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза.

Според неа лек ќе има за уште 30 пациенти, покрај сегашните 12 кои примаат „трикафта.

„Но, таа бројка може дополнително да се зголеми“.

Другиот претседател на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар информираше дека болните од цистична фиброза и натаму чекаат системско решение, пртенесе МКД.мк.

Министерот за здравство Фатмир Меџити пред средбата, на новинарско прашање, одговори дека преземаат конкретни случаи во врска со пациентите со цистична фиброза. 

Како што најави, пациентите ќе бидат сместени во еден центар кој ќе се наоѓа во Козле и веќе нема да бидат респределени во детска Клиника за пулмологија или на Клиника за пулмологија за возрасни.