Ќе го ревидира ли амбасадорката на САД ставот дека Македонија е пример за функционална држава

Испровоциран од изјавата на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов дека вчера хеликоптерот на АРМ не летал да гасне пожар во Кочани затоа што немал гориво екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи потсетува на постара изјава на американската амбасадорка Брнз за функционалноста на државата Македонија.

Коментарот на Зеколи има наслов “Трагедија и комедија”.

Зеколи и најголем број граѓани не се согласуваат со амбасадорката според која Македонија е пример за тоа како треба да функционира една држава.

Освен тоа што вчера хеликоптерот на АРМ немал гориво да замине во Кочани државата што според Брнз пред две години била многу функционална две години не ги сервисирала своите авиони за гаснење пожар што чини 400 илјади евра или 100 илјади помалку од прославата на 20 години Рамковен договор.

Ќе ја ревидира ли сега својата позиција амбасадорката Брнз или се уште мисли дека Македонија под Заев и Ангелов е функционална држава?

Хеликоптерот на АРМ немал доволно гориво за да стигне до пожарот во Кочани