Францускиот претседател Емануел Макрон јавно предупреди дека планира да им го загорчи животот оние кои не сакаат да се вакцинираат против ковид-19.
„Навистина сакам да ги тормозам и ќе продолжам да го правам тоа до крај“, порача Макрон за весникот „Паризиен“ и ги зовре страстите во Франција.
Политичките противници веднаш му одговорија го нападнаа дека вакви жестоки зборови не се соодветни за еден претседател.
По коментарите на Макрон, пратениците во Националното собрание ја прекинаа расправата за законот со кој на невакцинираните ќе им се забрани пристап до голем дел од јавните услуги и локации.
Законот треба да биде усвоен оваа недела, но неколкумина пратеници кажаа дека поради него примиле смртни закани од противниците на вакцинирањето.
„Ние не сакаме присилно да вакцинираме никого, туку сакаме да ги охрабриме луѓето да се вакцинираат така што ќе им ги ограничиме активностите во јавниот живот колку што е можно повеќе. Јас нема да ги праќам невакцинираните во затвор, туку ќе им кажеме дека од 15 јануари веќе нема да можат да влезат во ресторани, да седнат на кафе, да одат во театар и кино“, рекол Макрон.
Тој притоа го употребил зборот emmerder, што е вулгарен израз за нервира, тормози.
Повеќе од 90% од возрасните жители на Франција се вакцинирани со две дози, што е една од највисоките стапки во ЕУ, но Макрон потенцира дека пет милиони луѓе и натаму не се вакцинирани, пренесуваат медиуми.