Академикот Кирил Топалов, член на македонско – бугарската комисија за историја и образование го спори именувањето на неговиот народ од страна на Македонците како Бугари.
Според изјава во емисија на бугарските медиуми Топалов тврди дека од средината на педесетите години на 20 век Македонците го прифатиле српскиот начин на именување на Бугарите со зборот “Бугари” што означува нешто бедно, понижувачки, навредливо.
Од изјавата не може да се разбере дали Македонците треба да запрат да го користат терминот Бугари, да го употребуваат изворното Б’лгари или пак да ги нарекуваат граѓани на Република Бугарија.
За оваа тема веќе разговарала и Комисијата а во меѓувреме македонското МВР на социјалните мрежи почна да следи и да санкционира говор на омраза но без прецизни наводи дали и именувањето на Бугарите како Бугари ќе се смета говор на омраза.
⚠️Ајде мајката НОВ УСЛОВ ⚠️
👉Во Бугарија им смета сега и тоа што ги викаме БУГАРИ, оти тоа било бедно, понижувачки, грубо…
…и како сега да ги викаме Бугарите?! 👈
Аман више … pic.twitter.com/HyPN8EdlLB
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) November 28, 2020
Продолжува отпорот против позициите на Заев за бугарските барања https://www.expres.mk/nov-protest-na-opozicijata-vo-skopje-video-vo-zhivo/