По барањата на Турција за екстрадиција на лица и структурите поврзани со ФЕТО, организација на свештеникот Фетула Ѓулен, која официјална Анкара ги смета за терористичка, Министерството за правда води неколку случаи.

Но, се уште не ги известиле турските власти дека две од петнаесет лица најверојатно повеќе не се во земјава, информираше вчера министерот Спасовски.

Барањата од Турција биле пристигнати во 2018 и оваа година, полицијата, обвинителството и судот се меѓу институциите до се обратило Министерството за правда.

За функционирањето на ФЕТО во земјава прашањето го отвори и министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар кој деновиве беше во Македонија и изрази загриженост околу пријателството меѓу двете земји.

„ Се надевам дека во наредниот период ќе се направат конкретни мерки да се ослободат од оваа терористичка организација“ – изјави Хулуси Акар, министер за одбрана на Р. Турција.

За блиски до Фетула Ѓулен, кој е противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се сметаат, според турската агенција „Анадолија основните и средните училишта „Јахја Кемал”, неделникот „Заман Македонија“, организацијата „Седеф“, агенцијата „Башак“, потоа компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР и низа други.

Извор 1Тв.