Добиваме ли во Прилеп клуб со име на бугарски фашист убиен на 11 октомври од македонските партизани?

Повеќе неофицијални извори од редовите на бугарски активисти во Бугарија и во земјава тврдат дека меѓу клубовите кои што ги финансира Софија а кои треба да бидат отворени во Македонија треба да има и еден во чест на бугарски фашистички војник убиен од партизаните при нападот во Прилеп на 11 октомври.



За официјалната бугарска историографија нападот на бугарскиот фашистички участок не го сториле Македонци туку Срби. За Бугарија почетокот на востанието во Прилеп е напад од Душко Наумовски кој во Софија се прикажува како Србин иако бил Македонец.

Идејата на бугарските активисти во Македонија кои се финансирани од Софија е да отворат клуб на убиениот бугарски фашистички војник кој го чувал участокот во Прилеп за време на нападот на 11 Октомври.

Според иницијативата која веќе е во почетна фаза на имплементација името на бугарскиот културен клуб во Прилеп треба да го носи името на Петар Колев.

Според бугарските позиции Колев не е бугарски фашист кој се придружил на бугарската окупација и репресија на Македонците во Македонија туку жртва на Титовиот националсоцијализам!

Предходно во Битола и Охрид беа отворени културни клубови со имињата на фашистичките соработници Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети.