Ќе добиеме и Закон за оџаци

Град Скопје подготвува закон за оџачарски работи кој ќе ја регулира оваа професија, а според нацрт-законот ќе им наметне и обврска на домаќинствата еднаш годишно да ги чистат оџаците.

Ова градските власти го сметаат како една од мерките против аерозагадувањето во зимските месеци.

„Текстот на нацрт-законот го регулира оџачарството како професија и зема предвид одредени аспекти од законодавството на Германија. Истиот како посебен закон има за цел да го пропише начинот и условите за вршење на оџачарските работи во согласност со законодавството на ЕУ.

Со законското решение се предлага и креирање на оџачарски реони кои ќе овозможат јасни одговорности и начини за спроведување на работите кои оџачарот може да ги изведува единствено во рамките на својот реон, како и воведување на обврската домаќинствата и други субјекти еднаш годишно да ги исчистат оџаците“, велат од Град Скопје. 360 степени