Ќе добие ли Словенија претседателка?

Граѓаните на Словенија денеска во втор круг гласаат за наследник на досегашниот претседател во два мандати, Борут Пахор.

Тие треба да изберат меѓу пратеникот Анже Логар и адвокатката Наташа Пирц Мусар, кои се квалификуваа за вториот круг во октомври.

Се предвидува дека Пирц Мусар ќе освои нешто повеќе од 50 отсто од гласовите, Потивкандидатот Логар, според последните анкети, ќе добие меѓу 44 и 49 отсто од гласовите.

Пирц Мусар вели дека нејзината победа ќе биде „глас за жените“ во Словенија и во странство.

Иако улогата на претседателот е главно церемонијална, Мусар вети дека таа ќе биде „морален авторитет“.

„Претседателот не може да биде неутрален… и да нема мислење… Никогаш не се плашев да го изразам своето мислење“, изјави таа за АФП.