Ќе биде ли Македонија „илинденска“?

Грчките граѓани не го делат оптимизмот на нивниот премиер Алексис Ципрас според кој  „никогаш досега нашите две земји не биле толку блиска до постигнување на договор. Сепак, треба да бидат направени уште некои важни чекори“.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев предложи ново име, Република Илинденска Македонија повикувајќи се на Илинденското востание и изјави дека неговата влада даде „зелено светло“ светло за решевање на долгогодишниот спор


„Имам чувство дека станува збор за нов предлог, ставен на масата само за да биде отфрлен во корист на друго име“, вели солунскиот новинар Јоргос Тулас за Дојче веле.  Тој смета дека само оние Грци кои всушност се заинтересирани за изнаоѓање на решение, ќе се согласат зборот Македонија воопшто да постои во името на северниот сосед.

Еден од овие Грци, пишува „Дојче веле“ во поширокиот напис,  е 25-годишниот студент Никос Сикас. За разлика од многу негови сонародници, тој нема ништо против и во иднина Македонија да биде дел од името на поранешната југословенска република. Сепак, но тој не го одобрува името Илинден Македонија.

„На овој начин национализмот влегува низ задната врата. И тоа неизбежно ќе предизвика тензии од грчка страна“, вели тој.

Грција ја обвинува Македонија дека сака со помош на грчката историја да си создаде сомнителна национален идентитет.

Но, новиот предлог наидува на критики не само меѓу Грците, констатира ДВ.

Бугарите сметаат Илинденското востание е роденден на нивната независност. Софија ќе се спротивстави на обидот на Македонија да го искористи востанието за решавање на спорот за името. Бидејќи не само Атина го обвинува Скопје за културна кражба. Бугарија, исто така, го оспорува постоењето на специфична македонска култура и историја, пишува Дојче веле.