„Премногу е рано сега да зборуваме за што ќе биде од први јануари затоа што работите се менуваат како на филмска лента…“, изјави Марко Бислимовски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Поконкретна слика за она што ќе следува регулаторите очекуваат во декември кога МЕПСО и Електро дистрибуција ќе ги распишат и своите тендери за набавка на загуби на струја.

Премеиерот Заев вели дека доколку енергетската криза се продлабочи, дел од граѓаните и компаниите ќе може да добијат помош од државата. Можен е и ребаланс на буџетот.

„Имаме на располагање помеѓу 50 и 150 милиони евра. Тоа се огромни пари. Не верувам дека ќе требаат ни десетинка од тоа или 15-20 проценти да искористиме, но за тоа ќе покаже времето“, додава Заев.