Ниту еден од државните функционери на СДСМ и ДУИ кои лобирале или дозволиле човек на црната листа на САД да добие македонски пасош досега не пријавил до американските власти дека ги прекршил правилата на Office of Foreign Assets Control (ОФАЦ – Канцеларијата за контрола на странски ресурси) при министерството за финансии на САД.

Иако во точката 13 од водичот на OFAC пишува дека сите што имаат информација дека на било кој начин се поврзани со луѓе од Црната листа на САД се охрабруваат доброволно да пријават, никој од луѓето кои што се одговорни за давање на македонски пасош на рускиот агент Олександар Онишченко не го сториле тоа.

Генерално правилата и обврските на OFAC важат за американски граѓани и субјекти кои поседуваат американски ресурси но во точката 13 од водичот не се лимитира дека можноста за доброволно пријавување на соработка со санкционирани луѓе и организации од САД е само за државјани на Америка.

Тоа значи дека соработката со Онишченко, кога разбрале дека е на црната листа на САД, можеле да ја пријават и претседателот Пендаровски, екс и актуелниот премиер Зоран Заев и Ковачевски, вицепремиерите Артан Груби и Славица Грковска (одговорна ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ), министрите за внатрешни работи и правда Спасовски и Тупанчевски, шефот на АНБ Димовски, шефот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и други одговорни лица.

Според сите досегашни наводи невозможно е никој од службите да не информира никого од посочените во власта дека Онишченко е на црната листа на САД. Во моментот кога тие разбрале за санкциите требало да пријават во ОФАЦ.

Дали непријавувањето на соработка со луѓе од Црна листа на САД значи можност тие што не пријавиле соработка со него сами да се најдат на црната листа сега е во доменот на ОФАЦ.

За САД ваквото однесување на влада и претседател на земја стратешки партнер е секако шокантно но дали Вашингтон ќе го стави државниот врв на Македонија на својата црна листа е тешко да се претпостави.

Што пишува во точката 13 од водичот на ОФАЦ за пријавување на соработка со лица санкционирани од САД:

,,OFAC ги охрабрува сите што можеби ги прекршиле прописите администрирани од OFAC, доброволно да му го откријат очигледното прекршување на OFAC. Доброволното самообјавување до OFAC се смета за олеснителен фактор од страна на OFAC во извршните дејствија, а во согласност со Упатствата за извршување на OFAC, ќе резултира со намалување на основната сума на која било предложена граѓанска казна.

Ве молиме, поднесете ги сите доброволни самообјавувања по електронски пат на OFACDisclosures@treasury.gov. Освен ако обелоденувањето не е првично обелоденување кое ќе биде дополнето со дополнителни информации, поднесокот треба да содржи доволно детали за да му овозможи на OFAC целосно разбирање на околностите на очигледното прекршување. Прегледајте го Упатството за стандарди за испорака на податоци на Канцеларијата за усогласеност и спроведување („OCE“): Преферирани практики за продукција на OFAC, кое ги детализира преферираните технички стандарди на OFAC за форматирање на електронски продукции на документи поднесени до OCE.

OFAC нема програма за „амнестија“. Меѓутоа, OFAC ја разгледува севкупноста на околностите околу секое видно прекршување, вклучително и дали некое прашање е доброволно само-откриено на OFAC. OFAC, исто така, ќе го разгледа постоењето, природата и адекватноста на програмата за усогласеност со OFAC на субјектот врз основа на ризик во моментот на очигледната повреда, каде што е релевантно, меѓу другите фактори. Ве молиме погледнете ги Упатствата за спроведување на OFAC за дополнителни информации во врска со доброволното самообјавување и други олеснителни фактори, како и општата рамка на агенцијата за спроведување на програмите за економски санкции администрирани од OFAC”.

Согласноста за давање на македонски пасош на рускиот агент Онишченко е потврдена на владина седница на која биле присутни Ковачевски, Груби, Спасовски, Османи, Грковска и Тупанчевски.

Посебна улога во случајот има министерот Османи кој е задолжен за директни контакти со стратешкиот партнер САД кој исто така не пријавил дека неговата влада шурува со руски човек на црната листа на САД.

Линк до официјалниот сајт на ОФАЦ со најчесто поставувани прашања каде што е и точката 13

https://home.treasury.gov/policy-issues/financial-sanctions/faqs/all-faqs