Хенри Кисинџер рече дека Западот треба да престане со обидите да ѝ нанесе крупен пораз на Русија и предложи Украина да се откаже од територијата.
Поранешниот американски државен секретар Кисинџер (98) говорејки на Светскиот економски форум одржан во Давос, Швајцарија, изјави дека Украина мора да ги започне преговорите „пред да создаде пресврти и тензии кои нема лесно да се надминат“, пренесе Дејли мејл
„Идеално, линијата на поделба треба да биде враќање на статус кво претходно. Следењето на војната надвор од таа точка нема да биде за слободата на Украина, туку нова војна против самата Русија“, рече тој на конференцијата во понеделникот.
Дали Кисинџер и сега би рекол дека Украина не треба да влезе во НАТО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно во говорот на отворањето на самитот во Давос неделава во Швајцарија дека бруталната сила повторно ќе владее со светот доколку се дозволи руската инвазија на Украина да остане без одговор.
Тој порача дека самитот ќе стане бесмислен ако му се дозволи на Путин да победи во војната бидејќи „не го интересираат нашите мисли“ и „бруталната сила… не зборува, таа убива“.
Но, Кисинџер рече дека би било „фатално“ Западот да се зафати со „расположението на моментот“ и да ја заборави позицијата на моќ на Русија во Европа.
Според Телеграф, тој објаснил дека Русија била „суштински дел од Европа“ повеќе од четири века, истакнувајќи дека европските лидери не смеат „да ги изгубат од вид долгорочните односи“ .
На друг начин, тие ризикуваат да ја стават Русија во постојан сојуз со Кина.