Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер вели дека постојат три можни исходи од војната во Украина.
Ако Русија остане таму каде што е сега, таа ќе освои 20% од Украина и поголемиот дел од Донбас, главната индустриска и земјоделска област, како и појас земја покрај Црното Море. Ако остане таму, тоа ќе биде победа и покрај сите падови што ги претрпе (Русија) порано. И улогата на НАТО нема да биде толку одлучувачка како што се мислеше претходно.
Другиот излез е да се обидеме да ја истиснеме Русија од териториите што веќе ги има стекнато пред оваа војна, вклучувајќи го и Крим, но тоа ќе отвори прашање за војна со самата Русија.
„Третиот исход, кој го скицирав во Давос, и кој мислам дека Зеленски веќе го прифати, е дека ако Слободниот свет успее да ја спречи Русија да оствари какви било воени придобивки и ако борбената линија се врати пред почетокот на војната, тогаш сегашната агресија ќе биде видно поразена.
Украина ќе биде вратена напозиција пред почетокот на војната: борбената линија по 2014 година.
Ќе биде повторно вооружена и тесно поврзана со НАТО, ако не и дел од него.
Останатите прашања ќе бидат предмет на преговори“, вели Кисинџер кој беше цел на многу критики откако на обраќањето на Светскиот економски форум во Давос даде свое мислење како да прекине војната во Украина.