Поранешниот државен секретар на САД и советник за национална безбедност, Хенри Кисинџер, верува оти руско-украинската војна доаѓа до пресвртница и очекува преговори до крајот на годината благодарение на неодамнешните напори направени од Кина.
Пекинг навидум се обиде да ги „обнови“ напорите за разговорите меѓу Киев и Москва со документ од 12 точки објавен на една година од инвазијата.
Заедно со повикот за прекин на огнот, кинескиот план предвидуваше да ги остави руските трупи на окупираните територии на Украина и ќе стави крај на какви било санкции кои не се одобрени од Советот за безбедност на ОН, чиј член е Русија со право на вето, пишува Њусвик
„Сега кога Кина влезе во преговорите, мислам дека ќе дојде до крај, мислам до крајот на годината. Ќе зборуваме за преговарачки процеси, па дури и за вистински преговори“, рече Кисинџер.
Кисинџер, вели дека верува дека и кинескиот претседател Си Џинпинг и Путин ќе разговараат со него доколку тој им телефонира.
На прашањето на Копел дали тој, Кисинџер, би се сретнал со Путин во Москва ако тоа од него го побара од претседателот, пензионираниот дипломат рече:
„Би бил склон да го сторам тоа, да. Но, би бил советник, а не активна личност“ (во преговорите).
Од почетокот на војната Кина се поставува себеси за неутрална во конфликтот. Си отпатува за Москва во март за да го посети Путин. Пред доаѓањето на Си, Путин напиша статија за кинескиот Пипл дејли во која рече дека односите меѓу Русија и Кина се „без ограничувања и табуа“.
![](https://www.expres.mk/wp-content/uploads/2023/05/Кисинџер.jpg)