Кисинџер: Како да се избегне нова светска војна

Поранешниот американски државен секретар и поранешен дипломат Хенри Кисинџер изјави во петокот дека на светот му се заканува нова светска војна поради руската агресија врз Украина и повика на почеток на мировни преговори.

Дали Кисинџер и сега би ѝ рњекол на Украина да не влегува во НАТО

Кисинџер (99) тврди дека Украина за прв пат во историјата станала главна земја во Централна Европа, со една од најимпресивните армии во регионот и дека нејзината неутралност повеќе не е можна.

Силна врска со НАТО алијансата, „во една или друга форма“ е неизбежна во иднина, пишува британскиот магазин The Spectator.

Кисинџер предлага прекин на огнот и враќање на границите пред 24 февруари, кога Русија го започна нападот врз Украина, додека украинските територии претходно заземени од Русија, вклучувајќи го и Крим, ќе бидат предмет на понатамошни преговори.

Во случај на спорни територии, би преовладувало правото на самоопределување под меѓународен надзор.

Според Кисинџер, крајот на војната ќе мора да доведе до создавање на нова безбедносна архитектура, во која на крајот ќе биде вклучена и Русија.

Кисинџер тврди дека војната не треба да доведе до уништување или распаѓање на Русија, што би предизвикало серија долгорочни војни на територијата на таа земја, колапс на системот за контрола на нуклеарното оружје и да доведе до нова ера на глобална нестабилност. .

„Потрагата по мир и стабилност се состои од две навидум контрадикторни цели, а тоа се потребата за безбедност и потребата за помирување. Ако не успееме да ги постигнеме двете цели, нема да успееме да постигнеме ниту една од нив“, заклучи Кисинџер.