Кирјаковски: Што следува по бришење на “бугарски” од “фашистички окупатор”

Еден од водечките македонски интелектуалци од помладата генерација Атанас Кирјаковски ја анализира изјавата на Заев за бришење на бугарскиот фашизам од учебниците во контекст на пораката што им се дава на идните генерации кои ќе треба да решаваат за историјата.

“Една од целите на историјата е да научиме од грешките на претходните генерации. Негирањето на бугарскиот фашистички окупатор од страна на Заев и бришењето на историските факти од учебниците е создавање на скапано тло за повторување на истите тие грешки од идните генерации”, пишува Кирјаковски.

Тој денеска ја коментира и мантрата за која зборуваше екс претседателот Црвенковски:
„Немаме друга алтернатива освен ЕУ“

“А што викате за алтернативата да престанете да бидете факинг корумпирани до срж, да ги тргнете партиските пипци од институциите, да престанете да го поларизирате општествово и да се грижите за македонските интереси место туѓите. А? Што викате?”, пишува со многу емоции обично ладнокрвниот млад професор.