Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека по заклучоците на Антикорупциска, од работните места ќе се повлечат неговата сестра и мајката на неговата сопруга.

„Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агнеција за времени вработувања.


Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања“, изјави Кирацовски, пренесува „Фокус“.

Синоќа премиерот Зоран Заев од Прилеп нареди сите кои се врабтени со роднински врски да се повлечат од работните места.