Контрадикторностите во случајот „Бегалец во куќен притвор“

 

Алсат М прави листа на најголемите нелогичности во случајот во кој избеганиот екс шеф на УБК Сашо Мијалков доби куќен притвор иако досега никогаш не се случило такво нешто.

Контрадикторност број еден. По него полицијата трагаше со национална и меѓународна потерница. Се проверуваа багажници на автомобили низ цело Скопје. Мијалков среде бел ден сам дојде во обвинителството за организиран криминал за да си го земе решението за куќен притвор иако главниот град беше преплавен со цивилна и униформирана полиција.

Контрадикторност број два. Сашо Мијалков не бегал – бил болен и во изолација поради корона. Имал над 40 степени температура. По еден ден боледување, во добро физичко здравје дојде во обвинителството. Засега полицијата не откри, дали ова го потврдиле членовите на неговото семејство кои беа испрашувани во понеделникот. Тој имаше позитивен тест на 14 октомври лани, а оздраве на 3 – ти ноември.

Контрадикторност број три. Ќе има ли олеснување за Мијалков што сам се пријави, откако полицијата не го најде.

„Неговото пријавување во обвинителството не смее да се смета за олеснителна околност ниту за овој, ниту за никој друг случај“, рече премиерот Заев.

„Сепак олеснителна околност е што самиот се пријави во обвинителството“, изјави Вилма Русковска, Шеф на обвинителството за организиран криминал.

Контрадикторност број четири. Обвинителството за организиран криминал и корупција во неделата бараше притвор за Мијалков. Кривичен сепак се одлучи дека е доволен куќен притвор. Откако Мијалков во неделата не го најдоа, обвинителството поднесе жалба. Пред тој сам да се пријави, жалбата ја повлекоа а Мијалков дојде да си го земе документот за домашен притвор. Зошто жалбата била повлечена вчера непосредно пред Мијалков да се појави, објасни Русковска.

Целата информација на Алсат М