Амбасадорот Ду Веи (58) утрово бил пронајден мртов во неговиот стан, пишуваат израелските медиуми.
„Ерусалим пост“ контактирал со кинеската амбасада, но оттаму било кажано дека не можат во тој момент да ја потврдат информацијата.
Функцијата амбасадор во Израел Ду ја извршувал од февруари оваа година, а пред тоа бил на чело на дипломатската мисија во Украина, пренесе Би-би-си.
Тој во април и по доаѓањето во Израел бил во 14-дневен карантин поради епидемијата на коронавирусот во Кина.