Кина: Запрено ширењето на коронавирусот

„Бројот на потврдени случаи со инфекција е помал од 3000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина е целосно запрено, изјави официјален претставник на Комитетот за здравствени прашања на Кина, Ми Фенг.

Билансот од епидемијата со Ковид 19 во таа земја е 81.439 лица со инфекција на коронавирус , од кои 75.448 лица оздравеле, а 3300 починале.