Кина се меша(ла) во канадските избори, премиерот нареди истрага!?

Премиер Џастин Трудо вчера најави дека ќе назначи независен специјален истражител околу наводното мешање на изборите од страна на Кина, како и нови посебни истраги за наводното странско мешање, објави Ројтерс.

Минатиот месец над Канада бил соборен неидентификуван летечлки објект за кој подоцна се утврдило дека бил кинески шпионски балон како и оние откриени над САД.

Соборен НЛО и над Канада

Канадските медиуми неодамна објавија детални извештаи, повикувајќи се на анонимни разузнавачки извори, во кои се тврди дека Кина е одговорна за мешањето во канадските избори во 2021 и 2019 година.

Неодамнешната анкета покажа дека мнозинството Канаѓани сакаат премиерот Трудо да одговори посилно на наводното мешање на Кина во изборите.

Известувачот ќе биде „истакнат Канаѓанец“ и ќе има овластување да дава препораки за странско мешање, вклучително и јавна истрага, рече Трудо.

Премиерот побарал и од пратениците во парламентарната Комисија за национална безбедност да покренат истрага за наводното странско мешање во изборите.

Кина ги негира сите обвинувања за мешање, велејќи дека нема интерес да се меша во внатрешните работи на Канада.