Производителот на чоколадните десерти „Сникерс“, Mars Wrigley, се извини што објави реклама за нејзините производи што беше сфатена како навреда од кинеските потрошувачи.

Во екламата се вели дека новите „сникерс“ ќе бидат достапни само во „земјите“ Јужна Кореја, Малезија и Тајван.

Именувањето на Тајван како „земја“ ги налути кинеските корисници, кои го изразија својот бес на социјалните мрежи.

Како резултат на реакцијата компанијата објави извинување на нивниот профил на Snickers China Weibo и посочи дека ја промениле содржината на рекламата.