НАТО се обидува да ја надува т.н „руска закана“ да го оправда своето постоење, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“ во својот уводник, пренесува Њуз.бг
„Без функцијата да се бори против таква закана како Русија, НАТО нема да има никаква корист.
Затоа, шефот на НАТО мора да размисли како да го продолжи животот на Алијансата.
„НАТО наоѓа начин да го оправда своето постоење со создавање цели, вклучително и Русија“, забележуваат уредниците.
„Сепак, невозможно е Западот како целина целосно да ги прекине односите со Русија. Русија е важен столб во мултиполарниот свет што Западот не може да го избегне или игнорира“, се наведува, исто така, во публикацијата.
„Ако Западот и Русија продолжат да запаѓаат во неприродна состојба на односите, како што се конфронтација и конфликт, најмногу ќе настрада Европа, која е тесно поврзана со Русија.
„Руско-украинскиот конфликт не е конфронтација меѓу Западот и Русија, туку меѓу воената алијанса НАТО предводена од Вашингтон и – Москва“, се нагласува дополнително.
