Технолошкиот развој и напредокот на мобилната мрежа во најголемата светска економија доживува вистински бум. Покриеноста со најновото достигнување кога станува збор за развојот на мрежното покривање во Кина е на високо ниво, а земајта станува се поголем извозник и предводник во создавање нова технологија која значително ги намалува човечките потреби, односно помага во извршување на функции кои досега ги правеле луѓето.
Како што јавуваат кинеските медиуми, до крајот на јули месец годинава, Кина има изградено речиси 1,97 милиони базни станици за 5G и достигна 475 милиони корисници на мобилни телефони со 5G. Ова го соопшти Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT-МИИТ), со што посочија дека ја имаат најголемата светска 5G мрежа.
Базните станици за 5G кои моментално работат во Кина сочинуваат над 60 отсто од вкупниот број вакви станици во светот само три години по издавањето на комерцијалните лиценци за 5G. Исто така корисниците на 5G мрежата во земјата сочинуваат над 70 отсто од глобалните корисници на 5G.
– Изградбата на 600.000 базни станици за 5G ќе биде завршена оваа година – соопшти МИИТ.
Кинеската комерцијална лиценца за 5G е официјално издадена пред три години, но во меѓувреме со рекордни брзини се изградени базни станици, а истовремено постојано има нови откритија во клучните технологии. Развојот на 5G во Кина не само што промовира брз раст на информатичката и комуникациската индустрија, исто така внесува силен поттик за дигитализација на економијата и општеството.
– 5G-врската беше лоша на бродот кога дојдов овде минатата година, но овој пат секогаш сум поврзан – изјави Јанг, кој го носи своето семејство на планината Путуо, една од четирите познати будистички планини во Кина, лоцирана во провинцијата Жеџијанг во источна Кина.
На бродот до планината, Јанг можеше да гледа спортски игри со висока дефиниција на својот мобилен телефон. Подобреното мрежно искуство се припишува на базната станица 5G изградена на ненаселен остров во Жоушан, провинцијата Жеџијанг.
Следејќи ги координираните планови и преземајќи умерено проактивен пристап за унапредување на инвестициите во инфраструктурата, кинеските телекомуникациски оператори постојано го прошируваат бројот на базни станици за 5G мрежа.
Според статистичките податоци, до 2021 година, сите градови над нивото на префектурата низ Кина се покриени со 5G мрежата, додека сигналот 5G е достапен во над 98 отсто од окружните места и 80 отсто од населбите.
China Unicom и China Telecom, двата главни оператори во Кина, заеднички ја изградија првата заедничка 5G SA мрежа во светот, која сега постигна покриеност во урбаните области, окрузи и клучни населби
China Mobile, уште еден голем оператор во земјата, изгради над 200.000 базни станици во руралните области во соработка со China Broadnet, нов телекомуникациски оператор.
Заедничката изградба и споделувањето не само што го забрза градењето на 5G мрежата, туку и заштеди огромни ресурси и капитал, придонесувајќи за зелено и ниско-јаглеродно работење на претпријатијата.
Линк до целиот текст.