Кина го поддржува суверенитетот и интегритетот на Украина

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји му порача на својот украински колега Дмитро Кулеба дека мора да се поддржат сите напори кои водат кон мирно решение на украинската криза.

„Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји“, рече Ванг Ји за време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, пренесе Ројтерс.

Кинескиот министер додаде дека неговата земја е секогаш на страната на мирот.

Претходно, двајцата официјални лица разговараа преку видео-конференција во април, потсети Ројтерс.