Трговскиот суфицит на Кина се зголеми рекордно, откако извозот во долари на годишно ниво порасна за 18% , надминувајќи ги очекувањата на економистите за раст од 14,1%.

Ова е добредојдено за економијата, која се бори со спорадични епидемии на КОВИД-19 и проблеми во секторот на недвижности, пишува „Блумберг“.

Трговскиот биланс на земјата се зголеми на околу 101 милијарда долари во јули, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во јуни, покажаа владините податоци објавени во неделата.

Ова е највисок трговски суфицит од 1987 година.

Кинескиот увоз порасна за 2,3 отсто од 1 отсто раст во јуни. Домашните залихи на суровини, вклучително и соја, природен гас и бакар, паднаа на месечно ниво. Сепак, залихите на сурова нафта се зголемија.