Ким Мехмети: Македонија е под целосна контрола на Белград

Писателот и публицист Ким Мехмети продолжува да ѝ се додворува на Бугарија со демонизирањето на македонските политички елити, но и на некои албански партии и политичари, кои, според него, се под целосна контрола на Белград и пречеле за бугарско-албанското зближување!

„Кога ги слушате албанските министри во македонската Влада, кои ги бранат македонските интереси, имате чувство дека се Македонци. Што ги одразува нивните инфериорност и вазална свест“, изјави Мехмети за најгледаната косовска телевизија Дукаѓини.

Тој ја обвини ДУИ за сервилност кон Белград, преправајќи се дека не знаат оти Србија со децении инвестирала во убедувањето на Македонците дека Бугарите и Албанците им с енајголеми непријатели. Дури и воениот конфликт во 2001 година, смета Мехмети, се случил среде започнувањето на бугарско-албанското зближување.

„Не треба да заборавиме дека во 2001 година Љупчо Геоергиевски беше на власт со својот албански коалициски партнер ДПА и оти албанско-бугарското зближување ги вознемири великосрпските центри, кои направија сè за да ги отстранат од политичката сцена сите противници на великосрпските интереси“, објасни тој, додавајќи дека по падот на Владата на Георгиевски Македонија одново се претворила во тоа што била во бивша Југославија – политички послушна филијала на Белград.

„Тоа што денешна Македонија е под целосна контрола на Белград го докажува ентузијазмот со кој македонските државници ги поддржуваат великосрпските проекти како ‘балканскиот мини Шенген’. За жал, ваквите српски проекти не им пречат на албанските политичари во Скопје, како и на премиерот на Албанија, Еди Рама, што докажува дека некои албански политичари се робови на српскиот политички ум“, заклучува Мехмети.