Киев: Замрзнатите резерви на Русија да одат за обнова на Украина

За обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, на Украина ќе и бидат потребни околу 600 милијарди долари, изјави претседателот Володимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од Волстрит журнал.

„Сигурен сум дека по победата ќе направиме сè доволно брзо“, рече Зеленски.

Претходно, украинските власти изјавија дека странските средства на Банката на Русија, замрзнати како резултат на санкциите, може да се искористат за обнова на земјата.

Украинското Министерство за економија ја процени нивната сума на 415 милијарди долари и побара од западните партнери да развијат механизам за конфискација на овие пари во корист на Киев.

Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, Западот замрзнал околу 300 милијарди долари од 640 милијарди долари резерви на Централната банка во странство.