Украинското Министерство за одбрана објави видео со кое побара Франција да ја покаже својата љубов преку снабдување со оружје, по постојаните критики дека Париз не прави доволно, пишува Ројтерс.

Снимката од 41 секунда на Твитер доаѓа неколку часа откако на состанокот на францускиот безбедносен кабинет, чиј домаќин беше претседателот Емануел Макрон, беше одлучено дека Франција презела нови мерки за „воена поддршка на Украина“ по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Париз на Киев му испрати претежно хаубици „Цезар“, системи за воздушна одбрана што се преносливи за човек и тешки оклопни возила.

Украина побара од своите партнери повеќе резерви на оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, нешто што Париз досега не сакаше да го направи.

Видеото ѝ дава до знаење на Франција дека Украина сака повеќе од зборови и ветувања.

Франција има систем за одбрана земја-воздух SAMP/T (Mamba), но не е јасно колку од нив може да обезбеди.

Таа распореди еден таков систем во Романија во мај. Не добивме никаков одговор од Франција на нашите барања за ова прашање, изјави украинскиот амбасадор во Франција Вадим Омелченко.