Киев ја предупредува Москва: Не ги признавајте Луганск и Доњецк!

Министерството за надворешни работи на Украина ја предупреди Русија за последиците доколку ги признае самопрогласените Луганска Народна Република (ЛНР) и Донечка Народна Република (ДНР).

Државната дума на Русија претходно денеска усвои предлог-резолуција за признавање на самопрогласените ДНР и ЛНР.

Киев предупредува дека Руската Федерација ќе се соочи со одговор од светската заедница.

Во соопштението се наведува дека признавањето на ЛНР и ДНР ќе значи дека Русија свесно се повлекла од договорите од Минск и дека таквиот чекор ќе зададе сериозен удар за политичко-дипломатско решение на ситуацијата во Украина.

Исто така, се наведува дека во тој случај Русија нема да може да ја претстави администрацијата на териториите од регионите Луганск и Донецк како „независен субјект“, ниту ќе може да ја прикрие својата инволвираност како една од страните во вооружениот конфликт во Донбас.