Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател тврди дека процесот на евакуација на украинските војници од од фабриката за челик Азовстал во Мариупол е во тек и дека во овој процес има многу влијателни посредници, меѓу кои и меѓународни институции и претставници на некои други земји.
Тој повика на воздржување од коментари за ситуацијата.
„Ги гледате изјавите на руските медиуми и политичари – тие се многу агресивни. Затоа, да бидеме внимателни“, рече тојво интервју за Радио НВ, пренесува Укринформ.
Москва соопшти дека речиси 1.000 борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол се евакуирани во областите поддржани од бунтовниците поддржани од Русија.
Портпаролката на руското МНР Марија Захарова вчера го обвини претседателот Зеленски дека лаже кога вели дека станува збор за хуманитарна операција наводно организирана од Киев.
Според Захарова се предале 959 бранители на Мариупол, од кои 51 е префрлен на лекување, а останатите во затворска колонија во градот Оленивка близу Доњецк.
Украинските власти се надеваат дека ќе биде договорена размена на заробеници, додека портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, одби да каже дали тие ќе бидат третирани како криминалци или како воени затвореници.
