Време е Црното Море да се претвори во она што стана Балтичко Море, море на НАТО, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, цитиран од Ројтерс.
НАТО треба да игра поголема улога во безбедноста на Црното Море и да ја интегрира воздушната и ракетната одбрана на Украина со оние на сојузниците на Алијансата, вели Кулеба според кој Црното Море трерба да стане инструмент за претворање на цела Европа во мирна и напредна.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, со категоричен одговор дека Црното Море никогаш не може да биде море на НАТО.
Ова е заедничко море, треба да биде море на соработка, интеракција и безбедност за сите приморски држави.
