Зоран Милески Кичеец се очекува да биде преместен од отворено во полуотворено затворско одделение, со што би ги изгубил привилегиите да излегува на викенд, објавуваат медиуми.
Доколку биде донесена ваква одлука, Кичеец ќе треба да биде преместен во друг затвор, бидејќи затворот во Струга е од отворен вид.
На Милевски, кој издржува тригодишна казна затвор за случајот „Рекет“, досега му било дозволено да оди на работа и да се враќа во затвор – само за спиење.
Кичеец минатата недела предизвика сообраќајна несреќа во која има еден загинат и 7 повредени, но во петокот, Кривичниот совет од гостиварскиот суд му го укина притворот, по што беше вратен во затворот во Струга.
