Поп ѕвездата Кети Пери јавно проговори за својот нов албум, за пропаднататa врска со познатиот актер Орландо Блум, депресијата, алкохолот и помислата на самоубиство. 32. годишната ѕвезда жали што дозволила да падне толку ниско и ветува дека брзо ќе се стабилизира.
Кети Пери е родена и израсната во Санта Барбара во Калифорнија и тоа во религиозно семејство на Евангелисти, па ваквите изјави се косат со нејзините убедувања. Првите коментари на интернет се дека успехот во актерството и во музиката го зел данокот. Пери од друга страна со самото признание најави дека се враќа во нормала.