Кемал против Реџеп: Ќе добие ли Ердоган уште 5 години власт?

Последните часови од претседателската трка во Турција носат понеизвесност за Реџеп Таип Ердоган кој се обидува да го продолжи своето 20 годишно владеење за уште пет.

Пред вториот круг гласање во недела, опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу им се додвори на националистичките гласови ветувајќи дека ќе протера милиони сириски бегалци.

Претседателот Ердоган го обвини за говор на омраза – и рече дека победата на Киличдароглу ќе биде победа за терористите.

Кандидатот на опозицијата во првиот круг заостанува со 2,5 милиони гласови.

Претседателот е фаворит, но неговиот ривал верува дека разликата сè уште може да се премости – или од 2,8 милиони поддржувачи на ултранационалистички кандидат кој беше трет или од осумте милиони гласачи кои не излегоа во првиот круг.

Победата на противкандидатот на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган би можела да означи враќање на надворешната политика на таа земја на блиска соработка и координација со членките на НАТО алијансата.

Противник на Ердоган е Кемал Киличдароглу, лидерот на шестпартиската опозиција кој нуди враќање на кемализмот, еден вид турска национална идеологија воспоставена од „таткото на државата“ Мустафа Кемал Ататурк.

Конфликтот се однесува на самите принципи на модерна Турција. Кемализмот се залага за секуларна, демократска и парламентарна држава, а владеењето на Ердоган беше обележано со постепено укинување на секуларизмот и замена на парламентарниот систем со претседателски.

Од она што некогаш беше релативно демократска држава, тој создаде авторитарен режим во кој претседателот ги екипира клучните државни институции.

Голем дел од наследството на Ататурк беше свртувањето на Турција кон Запад. Беше клучна членка на НАТО алијансата за време на Студената војна, бидејќи беше чувар на Црното Море, каде што СССР имаше силно присуство. Во 1987 година аплицираше и за полноправно членство во ЕУ. И покрај повремените, но сериозни билатерални проблеми со Грција, таа важеше за цврст сојузник на САД и земјите од Западна Европа.

Ердоган постепено ја укина Турција воспоставена на кемалистички принципи. Освен што го промени на внатрешен план, истото го направи и на надворешната политика. Според тоа, Турција повеќе не е цврст сојузник на колективниот Запад, иако сè уште е членка на НАТО алијансата и сè повеќе соработува со Русија и Кина.

На регионално ниво, создадена е зоната на интерес на Турција, која се протега од Босна и Херцеговина на запад до Туркменистан на исток. Влијанието се протега на Азербејџан, Сирија, Северна Африка, па дури и субсахарска Африка.

урција стана една од водечките сили во својот регион, најмногу поради нејзиниот импресивен економски раст во последните децении…