Кажете и на Урсула дека северна нема идентитет, постои само македонски идентитет

Кажете и на Урсула дека северна нема идентитет, постои само македонски идентитет,стои во пораката од историчарката од Институтот за национална историја Наташа Котлар до шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен откако таа за време на посетата на Скопје зборуваше за уникатен идентитет и посебен јазик.

,,Кажете ѝ на Урсула фон дер Лејен алијас Розе Ладстон (по прабаба ѝ од Ј.Каролина), која има навистина „уникатен идентитет“ – те белгиски (француски), те германски, ама и американски (САД) дека „Северна“ Македонија сé уште не создала идентитет, воопшто, камо ли „уникатен“. Нејзината игра на зборови ја крие суровата вистина на негирање на македонскиот идентитет заради Бугарскиот договор (2017), Преспанската спогодба (2018), уставната рашомонијада за „Северна“ (2019).

Кажете ѝ дека ние МАКЕДОНЦИТЕ сме доволно свесни за нејзината манипулација и мистификација со поимот „уникатен идентитет“ и дека со тоа го негира МАКЕДОНСКИОТ историски, културен и народен идентитет.

А, тој е присутен во низата на процеси и случувања создадени од м а к е д о н с к и о т н а р о д, во времето и во просторот, во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата вековна, но карактеристична – м а к е д о н с к а. Кажете ѝ … !”, им пишува Котлар на тие што ја примија германската политичарка во Скопје.