Неколку минути по почетокот на на денешната седница на бугарскиото Народно собрание, привремениот спикер на парлементот, Мирослав Иванов,беше принуден да даде принуден да објави пауза од 20 минути, за да се смират страстите БГНЕС.
Новата тензија, која прерасна во физичка пресметка меѓу пратениците на „Продолжуваме со промената“ и ДПС, дојде по изјавата на Костадин Костадинов од „Преродба“.
Костадинов од највисоката говорница во државата ги употреби зборовите „фашистички ѓубриња“ и повика „никој да не ја окупира државата“. Неговиот говор предизвика неодобрувачка реакција кај публиката.
„Вчера бевме сведоци на обид за „Мајдан“ во Бугарија, изјави Костадин Костадинов од собраниската говорница. Но, обидот пропадна бидејќи „Мајдан“ не се пеави со платени соросоиди, рече тој. Тоа што се случи во Украина не е невозможно да се случи и во Бугарија, рече Костадинов.
Тој нагласи дека„ фашистичките ѓубриња се обидува да ни ја одземе државата. Ние Бугарите сме сепак повеќе од платените вработени во американската амбасада“, рече тој како што пренесе БГНЕС..
Лидерот на „Вазраждане“ критикуваше дека луѓето на вчерашниот протест пред бугарскиот парлемент и кој му дадоа поддршка на сменетиот спикер Никола Минчев, наводно се собрале случајно.
Лидерот на „Вазраждане“ беше исвиркан од пленарната сала.
Кавгите во салата продолжија и имаше размена на остри реплики меѓу Росен Костурков и Настимир Ананиев од „Продолжуваме со промената“ и Хамид Хамид од ДПС.
Репортер на БГНЕС јави дека бил удрен пратеникот Ананиев, по што била дадена пауза.
Атмосферата во бугарскиот парлемент е наелектризирана откако вчера беше јасно дека актуеланата владина коалиција го губи мнозинството, а во најава е гласање за недоверба на владата на Кирил Петков
