Кавадаречко ,,востание” против ФФМ: Етнички тензии за клубот на Нефи Усеини

Фудбалски бунт почнува во Кавадарци поради обесправувањето на локалниот фудбалски клуб од страна на ФФМ. Членот на УО на ФФМ од Кавадарци си поднесе оставка по чинот.

Се разгоруваат страстите во македонскиот фудбал откако ФФМ брутално ја смени одлуката каде да се игра бараж натпреварот помеѓу ГФК Тиквеш од Кавадарци и Воска Спорт од Охрид.

Денешната ждрепка одлучила натпреварот помеѓу овие два фудбалски клуба да се одигра на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп, но од ФФМ ја смениле одлуката и одлучиле натпреварот да се одигра во Скопје.

Оваа одлука на ФФМ му одговара на контроверзниот охридски бизнисмен Нефи Усеини по чие лобирање овој клуб во времето на локалната власт на СДСМ во Охрид даде педесетина илјади евра општински пари на клубот.

На ова веднаш реагираа од кавадаречкиот клуб од каде не ја прифаќаат одлуката која ја сметаат за притисок на етничка основа и велат дека нема да играат во Скопје.

Познавачите на спортските прилики велат дека станува збор за етничка дискриминација од ФФМ кон Тиквеш кој важи за доминантно македонски клуб, јавува радиото Лидер.

Повеќе детали на овој ЛИНК