„Катимерини“: Пендаровски предупредува

Дел од грчкиот печат денеска се осврнува  на посетата на претседателот Стево Пендаровски на Брисел каде предупреди дека  одложување на разговорите за членство со ЕУ за Скопје, изразувајќи стравувања дека политичкиот контекст во балканскиот регион може да се промени во наредните месеци и да го загрози процесот.

Весникот потсетува изјавата на Туск за Македонија:

„Направивте се што се очекува од Вас … Но, сакам да бидам искрен: не сите земји-членки се подготвени да донесат одлуката за отворање преговори во наредните денови”, рече Туск.

Во интервју за „ Еурактив“ објавено во петокот, Пендаровски повика на „одвојување” на процесот на европска интеграција на Северна Македонија од Албанија во Советот на ЕУ, поради загриженоста дека недоволниот напредок во Тирана ги забавува балкански кандидати.