На барање на Основното јавно обвинителстгво, Кривичниот суд денеска и го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП“, соопштија од Кривичниот суд.
Адвокатката Ирена Фрчковска, вчера најави дека ќе бара укинување на мерката притвор за нејзиниот клиент Јанева.Јанева од 21 август е во притворосомничена дека прибавила материјална корист за да му го олесни статусот на осомничениот бизнисмен Јордан Камчев во случајот „Империја“.
За случајот „Рекет“ во притвор се и Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.