Катастарските услуги поскапени од 25% до 30%, а не од 300% до 500%, се правда првиот човек на Агенцијата на катастар на недвижности Борис Тунтев. Тој на брифинг со новинарите ги демантираше информациите дека услугите драстично поскапеле. Рече дека причините за новите, повисоки цени, биле зголемените трошоци за струја и за одржување на катстарските ИКТ системите.

Со новиот тарифник од 11.11, од денес веќе катаскарските услуги се наплатуваат поскапо. Ако до пред една недела услуга за имотен лист чинеше 180 денари, денес истата чини 250 денари.

Тунџев ги отфрли како неточни тврдењата на претседателот на Комората на геодетски друштва, Никола Рибаровски за „енормен раст на цените на катастарските услуги“ и посочи дека има зголемување за одредени производи, за одредени намалувања, а дел се останати на исто ниво.

– Со новиот тарифен модел, поединечните цени на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем и надоместот за впишување во Катастарот на недвижности, не се енормно зголемени. Напротив, тоа се цени кои се на ниво на реално направените трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи, кои се од исклучителна важност, рече Тунџев.

Тој најави дека доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на струјата, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите. Инаку, на брифингот за новинари сакаше да присуствува и претседателот на Комората Рибароски, што не му беше дозволено, со образложение дека настанот бил за информирање на медиумите.