Во Индонезија продолжува трката со времето за спасување на настраданите од катаклизмата предизвикана од земјотресот со магнитуда од 7,5 степени во петокот по што следуваше стравично цунами кое ја погоди оваа островска држава.

Бројот на загинатите е над 800, пренесуваат агенции, а потпретседателот  на државата, Јусуф Кала  стравува дека можеби има илјадници загинати.

Во декември 2004. година земјотрес со сила од 9,1 степен го погоди индонезискиот остров Суматра, по што од цунамито што следеше загинаа 230.000 луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=PPYWMFW4j4U