Пратеникот Кастриот Реџепи денеска се „исповеда“ за своето отсуство не денот на гласање недоверба на владата.
Реџепи рече дека е засолнил затоа што не сакал да дозволи неговата земја да оди против неговите убедувањата и довербата која му ја дале граѓаните.
„Јас, Кастриот Реџепи, како сојузник на Соединетите Држави, за интересите на мојата земја, се засолнив на денот на изборите за да не дозволам земјата да оди против моите убедувања и против довербата што ни ја дадоа граѓаните. Несериозни се изјавите дека сум киднапиран“, рече Реџепи.
Тој негираше дека имал средба со холандскиот премиер Руте, а телефоните ги исклучил за да избегне притисоци и закани…
Тој рече дека за одлуката биле пресудни информациите дека Македонија во декември ќе добие датум за преговори со ЕУ…